Не го разбирам ова што го направи, изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова коментирајќи го заминувањето на Арбен Таравари од Владата и оставката од функцијата министер за здравство.
-Сите ние понекогаш менуваме став, ама ова – да не знаете навистина кој е ставот и зошто, е крајно невообичаено, рече претседателката во интервју во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма.
Била изненадена од таа одлука на лидерот на Алијанса за Албанците затоа што, рече, како министер зборувал „со занес за реформи“ во здравство и со „страст што е потребна“ за справувањето со предизвиците по несреќата во Кочани.