Бура проследена со силни врнежи од снег и дожд предизвика блокада на делови од Либан.
Загрозени се и десетици илјади сириски бегалци, од кои голем број живеат во шаторски населби.
Властите го затворија автопатот кој го поврзува Бејрут со Дамаск, откако беше натрупан со снег.
Во крајбрежниот град Дбајех, северно од Бејрут, дел од автопатот е затворен, бидејќи се најде под силен пороен дожд. Спасителите користеа мали бродови за да им помогнат на луѓето кои беа заробени во автомобилите.
Поголемиот број училишта се затворени, а либанскиот министер за образование апелираше тие да останат затворени и утре.
Бурата наречена „Норма“ почна во саботата, а се очекува вечерва да биде со најголем интензитет.