Злобните луѓе би рекле дека некоја жена е арогантна и непристапна само затоа што ги одбила и најупорните додворувачи – но таа само знае што точно сака, а што не.
Кога ја менува играта и престанува да дава внимание, нејзиното момче мисли дека таа глуми и дека е очајна за неговото внимание – но таа дава последно предупредување пред „црвен картон“.
Не, тие жени не се пребирливи, ниту пак нивните стандарди се превисоки. Тие жени, едноставно, не сакаат да се впуштаат во нешто што само ќе им го троши времето. Тие не сакаат да даваат лажна надеж на луѓето кои не им се допаѓаат.
Не глумат недостижност, туку го ценат и твоето време – не сакаат да го трошиш залудно, туку да го посветиш на друга девојка на која ќе ѝ се допаднеш.
Ова се жени кои веќе биле во врска. Кои претрпеле доволно и научиле што точно сакаат. Тие не би биле во врска колку „да се рече“.
Не, тие не глумат непристапност. Нив е тешко да ги добиеш бидејќи тие веднаш знаат на кого вреди да го посветат своето време.