Оркански ветрови во централното далматинско подрачје предизвикаа бранови на отворено море со височина и до шест метри, додека во крајбрежниот дел тие биле меѓу два и три метри.
Метеоролошката станица на Марјан регистрирала многу силни удари на ветрот во подрачјето на Сплит во текот на неколку часа, соопшти сплитскиот Хидрометеоролошки завод.
Поради лошите временски услови во прекин се повеќе траектни линии на Јадранското Море, соопшти утрово Хрватскиот автоклуб.