Вчера попладне битолчанка пријавила дека во хотел во Битола била силувана од 49- годишен маж од битолското село Дедебалци.
„На 23.04.2020 во 18.00 часот во Полициска станица Битола, 44-годишна жена од Битола пријавила дека околу 14.00 часот во хотел во Битола, со употреба на физичка сила Т.И.(49) од с.Дедебалци, битолско, извршил обљуба над неа“ соопштува полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.