Легендарниот херој од акционите филмови Силвестер Сталоне со семејството пристигнал во Сплит.
Семејството со авион од Венеција пристигнало на сплитскиот аеродртом, а таму биле видени неговите ќерки, Систина Роус, Софија Роус и Скерлет Роус, и неговата сопруга Џенифер Флејвин.
Како што пренесуваат хрватски медиуми, Сталоне успеал да се камуфлира и е префрлен на сплитскиот Западен брег, за обожавателите и новинарите да не го забележат. До Западниот брег со луксузни возила се префрлени и неговите ќерки и сопругата, откако со брод отпловиле на островот.
Инаку, на Сталоне на 6-ти јули му е роденденот, па постои шанса 73-та година од животот да ја прослави токму во Хрватска.