Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изјави дека ќе биде ментор на Интер, но засега Лучано Спалети добро ја врши својата работа. Аргентинецот никогаш не ја криел својата приврзаност кон „неразурите“, чии бои ги носеше како фудбалер.
Претходно оваа недела, сестрата на Симеоне изјави дека е време нејзиниот брат да се врати на „Меаца“. Стратегот не се трудеше да негира.
– Јасно е дека италијанските новинари секогаш ќе го поставуваат ова прашање. Отсекогаш сум велел дека ќе го водам Интер еден ден и јас сериозно ја разгледувам оваа можност. Но, Интер сега има прекрасен тренер кој врши навистина добра работа, додека јас уживам во неверојатното време, кое го поминувам во Атлетико. Но, тоа ќе се случи она што треба да се случи. Имам договор до 2020 година, што е долго време, изјави Симеоне.