Сега кога ни е најтешко да купуваме македонски производи, да ги слушаме советите на докторите и македонска музика, вели во денешната порака македонскиот пијанист, Симон Трпчески.

– Поддршка за македонскиот народ! Драги Македонци, во услови на специфично живеење кое што не го очекувавме, кое што е далеку полошо и од војна, не дај Боже, сепак да останеме прибрани, оние кои што можат да си останат дома да си поседат. Па и оние кои што мораат да одат на работа сите заедно да се придржуваме до препораките на докторите и на македонската влада. Во меѓувреме кога мораме да ги купуваме најнеопходните производи да ги купуваме македонските производи за да ја подджиме колку што можеме македонската економија. Се разбира и да слушаме македонска музика за поддршка на македонските уметници. Уште еднаш, да им помогнеме на нашите доктори за да си помогнеме себеси. Држете се каде и да сте, порача маестро Трпчески преку Фејсбук.

Видеопораката може да ја видите и ТУКА.

Симон Трпчески – Поддршка за македонски народДраги Македонци поздрав,Во услови на едно специфично живеење кое што не го очекувавме, кое што е далеку од полошо од војна, не дај Боже, сепак да останеме прибрани, оние кои што можат да си останат дома да си поседат. Па и оние кои што мораат да одат на работа сите заедно да се придржуваме до препораките на докторите и на македонската влада.Во меѓувреме кога мораме да ги купуваме најнеопходните производи да ги купуваме македонските производи за да ја подджиме колку што можеме македонската економија.Се разбира и да слушаме македонска музика за поддршка на македонските уметници.Уште еднаш, да им помогнеме на нашите доктори за да си помогнеме себеси.Држете се каде и да сте!Со почит!Simon Trpčeski – Support for the Macedonian peopleDear Macedonians,In this specific situation of living that we didn't expect, which is not as bad as war, thank God, let’s stay at home as much as we can, and together with all those people who have to go to work, let's respect the recommendations of the doctors and the Macedonian government.Also, listen to Macedonian music to support the Macedonian artists.Once again, let’s help our doctors in order to help ourselves.Keep safe wherever you are!Regards!

Gepostet von Симон Трпчески am Freitag, 20. März 2020