Главоболка, воспалено грло и течење на нос се најчестите пријавени симптоми на индискиот сој на коронавирусот во Велика Британија, пишува Би-Би-Си.
Според истражувањето на професорот Тим Спектор, симптомите на таканаречениот индиски сој, наводно се разликува од оние предизвикани од претходните варијанти на коронавирусот, а сè повеќе пациенти тврдат дека не го изгубиле чувството за мирис и вкус и немале треска, но чувствувале симптоми на настинка – течење на носот, болка во грлото и главоболка.
Ова се податоци собрани врз основа на истражување на примерок од над илјада испитаници кои ги пријавиле своите симптоми преку апликација.
„Немаме добри вести“
“Немаме добри вести, гледаме експоненцијално зголемување на бројот на пациенти, особено во северо-западот на Англија и Шкотска. Повеќето од нив се млади луѓе на возраст од 20 до 29 години и нешто постари од 40 до 49 години. Младата популација не е имунизирана или вакцинирана е само со една доза, што, се разбира, не постигнува соодветен имунитет. Смртноста е малку пониска отколку кај британскиот вид, но она што мора да не загрижи е сè уште т.н. долг ковид, значи Велика Британија има и натаму проблем“, вели професорот.
Токму овие неспецифични симптоми пациентите не ги припишуваат на коронавирусот, па продолжуваат со вообичаените животи и социјални навики, одат на работа и се забавуваат, мислејќи дека е сезонска настинка.
Професорот апелира на неопходноста од примање на втората доза на вакцина и останување дома веќе при појава на првите симптоми во смисла на главоболка, болки во грлото и течење на носот. 90% од тековните случаи во Велика Британија, наводно, се поврзани со делта варијанта на вирусот, осносно индискиот сој, пишува Би-Би-Си.