Интервјуто на министерката на Нов Зеланд, Кармел Сепулони, го прекина нејзиниот син кога влезе во нејзината соба за да и покаже чуден облик на морков, кој го нашол меѓу зеленчукот во фрижидерот.

Во последното, во низата „будалести“ состаноци на Зум, форма на комуникација што стана масовна практика за време на пандемијата, синот на министерката, како и секој тинејџер, воодушевен од откривањето на пенисестиот облик на морков, па реши да се пошегува и го покаже на мајка си. Она што не го знаеше беше дека неговата мајка дава интервју за радио станица.