Поранешниот шеф на регионалните служби за вонредни состојби во Одеса и син на поранешниот градоначалник на тој град, Володимир Боделан, е осуден во отсуство на 10 години затвор за колаборационизам за време на руската окупација на дел од Херсонската област, објави Градскиот суд во Херсон.
Според украинските судски власти, Боделан, како украински државјанин, доброволно прифатил позиции во структури што Киев ги смета за нелегални власти во привремено окупираните територии, свесно дејствувајќи во контекст на, како што се наведува, „руска вооружена агресија против Украина“, објавува каналот на украинската Прва радио и телевизија.
Во пресудата се наведува дека во текот на 2023 година, Боделан работел како заменик-гувернер во „окупациската администрација на Херсонската област“, а потоа како „шеф на постојаната претставништво на Херсонската област при Владата на Руската Федерација“.