З.И. (57) од Велес синоќа околу 00:35 часот по полноќ пријавил во полиција дека во неговата куќа на улицата „Костурска“ физички бил нападнат од неговиот 30-годишен син Б.И. при што се здобил со повреди.
Како што информираат од СВР Велес, поради тежината на повредите таткото З.И. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Неговиот син Б.И. бил приведен во полицискат станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.