На предлог на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски владата денес донела одлука за враќање на Мухаби Синани од позицијата Генерален конзул на државата во Њујорк, кој на оваа позиција беше испратен само неколку месеци пред парламентарните избори годинава.

Станува збор за кадар близок на Бујар Османи, кој на негов предлог и спротивно на законите прописи, само неколку месеци пред изборите, со потпис на Артан Груби, кој тогаш претседавал со владината седница, се упатува на дипломатска мисија – како Генерален конзул во македонскиот конзулат во Њујорк.

За потсетување, Диппломатскиот синдикат најостро реагираше бидејќи Синани не ги исполнува условите да биде упатен како Генерален конзул од редот на професионални дипложати, согласно член 35а од Законот за надворешни работи. Во тоа време, тогашниот министер Бујар Османи тврдеше дека таква одредба не постои во Законот бидејќи наводно истата била избришана.