Синдикалната минимална кошничка за април е повисока за 836 денари од таа за март. Според ССМ во април таа изнесува 62.691 денари, а мартовската беше 61.855 денари.
Од Синдикатот велат поради нефер трговските практики на дел од трговците, последната мерка на Владата за ограничување на маржите за најмалку 10% даде половичен ефект.
„Денеска, за жал 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на синдикалната минимална кошница, па реално и оправдано е барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра“, стои во објавата на Синдиактот.
Во меѓувреме се доцни со објавата на владината кошничка. Наместо минимална, таа ќе е просечна и нема да опфаќа четири, туку тричлено семејство. Новата владина просечна потрошувачка кошничка иако првично требаше да ја изготвуваат синдикатите заедно со властите, сепак ја изготвуваат само властите, односно министерствата за економија, земјоделство, финансии, Државниот пазарен инспекторат и комисијата за заштита на кокнуренцијата. Истата се очекува да биде објавена до крајот на месецов.