Синдикатот на „Македонска пошта“ преку соопштение до медиумите информира дека се надминати сите проблеми во врска со исплатата на платата и дека веќе таа е намирена кон сите вработени.
-Како Синдикат, нашата цел е да ги заштитиме правата на вработените, но со јасна визија и преку ефикасен договор со кој ќе обезбедиме подобри услови за работа на работниците и работењето на АД „Пошта“. АД „Пошта“ се наоѓа во ситуација во која ние како Синдикат даваме целосна поддршка во процесот на реформирање на претпријатието со изготвување нова систематизација со цел АД „Пошта“ да се издигне на ниво на конкурентен давател на услуги на пазарот, велат од Синдикатот на „Македонска пошта“.
Додаваат дека и во наредниот период целосно ќе застанат во одбрана на правата на вработените и постигнување ефективен договор со манџерскиот тим за почитување на трудот на поштенските работници.
-Сметаме дека отворен дијалог со сите засегнати страни е единственото решение да ги оствариме правата на вработените во АД „Пошта“, а претпријатето да ја постигне својата цел како државен оператор во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај, потенцираат од Синдикатот на „Македонска пошта“.




