Тренерот на Болоља и некогашен српски репрезентативец Синиша Михајловиќ е позитивен на коронавирус, потврди италијанскиот фудбалски клуб.
Како што се наведува, Михајловиќ кој во петокот се вратил во Болоња направил контролен тест за коронавирус кој бил позитивен.
Михајловиќ неодамна се лекуваше од леукемија, помина трансплантација на коскена срцевина, низа хемотерапии и спаѓа во ризичната категорија кога се работи за Ковид-19.
Во соопштението на клубот се истакнува дека Михајловиќ нема ниту еден симптом, а наредните две недели ќе биде во изолација согласно протоколите.