Синодот на Вселенската патријаршија го разгледуваше црковно прашањето на МПЦ-ОА.

Во соопштението на Синодот се вели:

„Под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Светиот и свештен синод заседаваше на редовно заседание од четврток, 9 мај, до сабота, 11 мај 2019 година.

За време на овие заседанија, се разгледаа сите теми заведени во дневниот ред и се донесоа соодветни одлуки.

Поконкретно, како што веќе беше соопштено, Светиот и свештен синод пристапи кон пополнување на упразнетите Свештени архиепископии Австралиска и Американска и разговараше, помеѓу другото и за поднесеното пред извесно време апелациско прибегнување (еклитон) од страна на црквата во Северна Македонија, која моментално, како што засега стојат работите, пребива во раскол“.

Во Патријаршијата на 11 мај 2019

Од Секретаријатот
на Светиот и свештен синод

Извор: