Синот на Бајден одбива да сведочи зад затворени врати пред одборот на Претставничкиот дом

/ 13.12.2023

Синот на претседателот Џо Бајден, Хантер Бајден, ги отфрли барањата на конгресните републиканци да сведочи зад затворени врати за неговите деловни зделки.

Хантер Бајден ги отфрли барањата на конгресните републиканци да сведочи зад затворени врати за неговите деловни зделки, зголемувајќи ги тензиите со пратениците кои треба да гласаат дали да ја формализираат истрагата за импичмент на неговиот татко.

На прес-конференција Хантер Бајден рече дека истрагата нема основа и дека нема да одговори на судското барање на Комисијата за контрола и надзор на Претставничкиот дом да сведочи зад затворени врати.

Републиканскиот пратеник Дарел Иса рече дека очекува Комитетот да го обвини Бајден за презир кон Конгресот, доколку тој не се појави.

Републиканците во Претставничкиот дом не се откажуваат од денешното гласање кое ќе даде зелено светло за покренување истрага пред тринеделниот одмор кој почнува утре.

Тие тврдат дека Бајден и неговото семејство имале несоодветна корист од одлуките што ги донел Бајден постариот додека бил на позицијата потпретседател на САД од 2009 до 2017 година.

Нивната истрага е фокусирана на деловните аранжмани на помладиот Бајден. Досега не успеаја да изнесат докази за незаконските постапки на претседателот Џо Бајден.

„Нема докази кои ги поткрепуваат наводите дека татко ми бил финансиски вклучен во моите работи бидејќи тоа не се случи“, изјави 53-годишниот Хантер Бајден.

Тој исто така рече дека нема основа за истрагата за импичментот на неговиот татко, нарекувајќи ја „апсурдна и бесрамна“.

Хантер се соочува со нови кривични пријави затоа што не платил најмалку 1,4 милиони долари данок додека трошел милиони на раскошен начин на живот.

Од Министерството за правда соопштија дека истрагата е во тек, а доколку биде прогласен за виновен по обвиненијата му се заканува затворска казна до 17 години.

Тој е обвинет дека не платил најмалку 1,4 милиони долари федерални даноци од 2016 до 2019 година, додека потрошил милиони долари на екстравагантен начин на живот.

Хантер Бајден е честа тема во медиумите поради неговата зависност и неприкладното однесување како што се брзо возење или протекување фотографии на кои е гол или користи дрога и неговата вмешаност во украинската енергетска компанија Бурисма во времето кога неговиот татко беше потпретседател на САД.


Од истата категорија