Новата генерација јавни обвинители сакаат да работат во местото на живеење. Според списоците објавени од Советот на јавни обвинители, речиси сите побарале својата кариера да ја градат во родното место. За антикорупциската комисија тоа не е спорно иако меѓу кандидатите се деца или брачни другари на политичари и актуелни обвинители. За нив важно било новите обвинителите да не се во обвинителствата каде работат нивни блиски роднини, објави Сител.
Сепак, според антикорупционерите, притисоците и влијанијата се редовна појава, па дали новите обинители ќе останат имуни, зависи само од нивниот интегритет.
Според списоците на Советот на Јавни обвинители, синот на собранискиот претседател Џафери место бара во гостиварското обвинителство каде за три испразнети места има шестмина кандидати.. Сопругата на Абази пак обвинителската служба сака да ја извршува во Кичево.
И останатите нивни колеги побареле место во обвинителствата според местото на живеење. Антикорупциска пак смета дека е потребна анализа дали е потребно во секоја општина да има Јавно обвинителството.
Дали новите обвинители ќе добијат местото кое го посакуваат зависи од Советот на јавни обвинители. Од таму за Сител велат дека во тек се интервјуата со кандидатите, а изборот ќе случи најверојатно идниот месец. Последната генерација брои 28мина обвинители, а според испразнетите места, имаа можност да одберат место во 17 обвинителствата – сите во внатрешноста на државата.