Синот на соборениот либиски лидер Моамер Гадафи, Сеиф ел Ислам, се кандидираше за претседателските избори закажани за декември, изјави претставник на изборната комисија за локалните медиуми.

– Сеиф ал Ислам Гадафи ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори до канцеларијата на Изборната комисија во Сабха, во југозападниот дел на земјата, изјави претставникот за либискиот канал Ел-Расмија.

Агенцијата Бета потсетува дека Либија беше втураната во хаос за време на бунтот во 2011 година, кога нејзиниот долгогодишен лидер Моамер Гадафи беше соборен и убиен.

Во претходните години, земјата беше поделена на две паралелни и конфликтни влади, од кои едната го контролира источниот, а другата западниот дел на Либија. Секоја од нив имаше поддршка од неколку паравоени единици и неколку држави.

Прекинот на огнот е во сила од октомври 2020 година, а со земјата сега управува преодна влада чија задача е да ја подготви земјата за изборите во декември.