Хомер Гир, синот на познатиот актер Ричард Гир, се појави на филмскиот фестивал во Венеција и позира со својот татко на црвениот тепих, а фотографиите ги воодушевија обожавателите.
74-годишниот актер насмеано им позира на фотографите и го прегрна својот син, двајцата се појавија во смокинг, а многумина забележаа како 24-годишниот Хомер го наследил изгледот, но и шармот на својот татко.
Да потсетиме, Гир е татко на три сина. Хомер го има со поранешната сопруга Кери Лоуел, а двете помали деца Александар (5), Џејмс (4) во бракот со 33 години помладата Алехандра Силва, која има син Алберт (9) од претходниот брак.
Инаку, Хомер студирал когнитивна неврологија и визуелни уметности на Универзитетот „Браун“ и почнал да глуми, но пишува и сценарија и режира филмови.