Синот на американскиот милијардер Џорџ Сорос, со унгарско потекло, Алекса Сорос (39) ќе се ожени со Хума Абедин (49), поранешна долгогодишна соработничка на Хилари Клинтон.

USA Today објави дека парот вчера официјално објавил фотографија од запросувањето на Инстаграм.

На неа се гледа како синот на Сорос клечи пред Абедин.

– Се случи ова… не можевме да бидеме посреќни, поблагодарни или позаљубени – напиша Алекс Сорос со слика од емотикон од веренички прстен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexander Soros, PhD (@alexsoros)

Пејџ Шест на Њујорк пост објави дека Абедин синоќа била видена со големиот дијамантски прстен на раката додека одела на вечера со Ана Винтур, главна уредничка на Вог, во ресторан на Апер Ист Сајд.

Вог напиша дека помладиот Сорос ја запросил Абедин уште во мај во стан во Њујорк, по што отпатувале во Италија за да ја прослават свршувачката.

Тие за модниот магазин изјавија дека се запознале минатата есен на роденденска забава на заеднички пријател.

Абедин беше заменик-шеф на кабинетот за време на претседателската кампања на Хилари Клинтон во 2016 година, но таа почна да работи за поранешната прва дама на САД речиси две децении пред тоа.

Од 2010 до 2017 година, Абедин беше во брак со поранешниот конгресмен Ентони Вајнер. Таа поднела барање за развод откако тој пред судот се изјаснил за виновен за испраќање материјали од сексуална природа на малолетничка.

Поради ова, Вајнер поминал 18 месеци во федерален затвор, а со Абедин го има и 12-годишниот син Џордан.