Доколку во хотел или во туристички објект се појави позитивен случај на Ковид-19, хотелот ќе продолжи да функционира и нема да биде ставен во карантин, изјави професорот епидемиолог Никос Сипсас за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.
– Ако имаме позитивен случај во хотел ќе се лоцира согласно со оперативниот план, потоа пациентот ќе биде изолиран, ќе се пронајдат контактите и само блиските контакти ќе бидат во карантин во хотелот. Но, хотелот ќе продолжи да функционира, објаснува професорот епидемиолог и додава дека нема целиот хотел да биде во карантин.
Паралелно, тој рече дека очекува да постојат увезени случаи на новиот коронавирус во текот на летото на различни туристичките дестинации, но истакна дека со ситуацијата ќе биде под контрола.
Во однос на вториот бран, оцени дека нема да биде во текот на летото, туку на есен.