Единици на сириската армија денеска презедоа контрола врз градот Манбиџ, на 85 километри од Алепо, поставувајќи национално знаме, изјави претставник на Генералштабот на вооружените сили на Сирија.
Москва веднаш ја поздрави информацијата дека сириската армија го освоила Манбиџ, кој претходно беше под контрола на курдски групи.
– Безусловна поддршка, тоа е позитивен чекор кон стабилизирање на ситуацијата, истакна портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Според соопштението, војската влегла во градот како одговор на повик од населението и согласно поставената задача за зачувување на државниот суверенитет врз целата територија на земјата