Според Тахрир ал Шам, погубувањето е одмазда за самоубиствениот бомбашки напад на ИД, што се случи во петокот во еден ресторан во Идлиб, при што загинаа најмалку седум лица.
Припадници на Тахрир ал Шам пред нападнатиот ресторан ликвидираа 10 мажи, пукајќи им во глава.
Тахрир ал Шам и ИД имаат иста екстремистичка идеологија, но двете џихадистички групи со години се во судир.
Тахрир ал Шам е главна џихадистичка групација во североисточна Сирија, со силно присуство во Идлиб, додека ИД речиси ги изгуби сите територии во Сирија.