Експлозија на гасоводот кај Дамаск доведе до прекин на електричната енергија во Сирија, а министерот за нафта Али Ганем рече дека првите показатели биле дека станува збор за терористички напад.
Телевизискиот канал Икбари прикажа снимки од голем пожар по експлозијата меѓу сириските градови Думеир и Адра, северозападно од главниот град Дамаск.
Сириската државна новинска агенција САНА подоцна го цитираше министерот Ганем дека делови од земјата постепено добиваат електрична енергија.