Силна експлозија одекна денеска во северозападниот дел на Сирија, кој го контролираат бунтовниците, а најмалку 15 лица беа убиени, главно цивили.
СИРИЈА И НАТАМУ ГОРИ: 15 убиени од експлозија во Идлиб
Тимови на Цивилната заштита се на терен, и во тек се акции за спасување. Причинета е значителна штета на зградите и возилата во околината.
Спасувачките екипи се во потрага по жртвите, кои се затрупани под урнатините.
Во градот Џиср ал-Шугур во провинцијата Идлиб, која беше контролирана од организација поврзана со Ал Каеда, урната е зграда со најмалку четири ката.
Причината за експлозијата се уште не е позната, според информациите од Сирискиот центар за човекови права.
Оттаму тврдат дека веројатно станува збор за автомобил-бомба или некое друго возило со експлозив.
Сириски медиуми јавуваат дека се работи за експлозија на автомобил, а нападот го припишуваат на „терористи”.
Бомбата наводно била ставена под автомобил.
Овие напади се случија еден ден пред почетокот на новиот круг сириски мировни преговори, кои се одржуваат во Казахстан.