Милитантите на Исламска држава нападнаа сириски владини војници на истокот од земјата, убивајќи најмалку осуммина војници и парамилитарци, информираа денеска активистите од сириската Опсерваторија за човекови права, пренесе ДПА.
Уште 23-ца војници се поврдени во ноќешниот напад во пустински регион во источната провинција Деир ал-Зур, поранешно упориште на ИД во Сирија, наведе Опсерваторијата.
И четворица бунтовници на Исламската држава се убиени во судирите што следеа со владините сили во оваа област, соопштија наљудувачите од Опсерваторијата.
Во последниве месеци Исламската држава претрпе воени порази и загуби на територии во Сирија и во соседните земји.
Сепак, терористичката група пред извесно време изведе серија напади во овие земји.