Терористите од исламистичката група Џабат ал Нусра во деескалациската зона на Идлиб се обидоа да ја нападнат руската воздухопловна база „Хмејмим“, соопшти руското Министерство за одбрана.
– И покрај целосниот прекин на огнот од страна на вооружените сили на Сириската Арапска Република од полноќ на 18 мај, терористите од Џабат ал Нусра во зоната за деескалација во Идлиб продолжија со провокации и гранатирање. Беше направен обид да се нападне руската воздухопловна база „Хмејмим“, се наведува во соопштението.
Руското Министерство за одбрана додава дека терористите од Ал Нусра истрелале шест ракети кон руската база.
Еден ден претходно, рускиот сириски центар за помирување објави дека војниците го прекршиле режимот за прекин на огнот во областа Идлиб 13 пати во еден ден, ранувајќи тројца сириски војници.