Најмалку 41 припадник на коалицијата на курдски и арапски борци во Сирија, што ужива поддршка од САД, се убиени во контранапад на Исламската држава во источниот дел на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Директорот на Опсерваторијата наведе дека нападите се спроведени доцна синоќа и утрово во провинцијата Деир ез Зор, во близина на ирачката граница, посочувајќи дека се очекува бројот на загинати да порасне со оглед на тоа колку лица се повредени или се водат како исчезнати.
ИД ја презеде одговорноста за нападот.