Конвој од камиони кои превезувале евакуирани цивили ја напушти последната енклава под контрола на Исламска држава во Багхоуз во источниот дел на Сирија, изјави денска портпарол на Сириските демократски сили.

Соопштено е дека изолирањето на цивили во енклавата Багхоуз од останатите милитанти претставува чекор кон конечно освојување на тој регион.

Претставници на медиумите тврдат дека во близина на линијата на фронтот ги виделе камионите како ја напуштаат енклавата.