Непознати лица извршиле напад врз американска воена база, која се наоѓа во близина на нафтеното наоѓалиште „Ел Омар“ во североисточниот дел на сириската провинција Деур ел-Зор, објавија локалните медиуми.
Според добиената информација, американските војници одговориле на нападот со „артилериски оган“.
Засега не се соопштени повеќе детали за инцидентот во врска со евентуални жртви или повредени лица.