Стотици сириски бегалци денеска се вратија во своите домови од неколку области во Либан, меѓу кои Триполи, Саида, Набатиех, Бека и Акар.
Сириските бегалци се вратија дома со автобуси, што им ги обезбеди Министерство за сообраќај на Сирија со помош на либанската Служба за општа безбедност.
Враќањето на бегалците го надгледуваа претставници на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) со помош на либанскиот Црвен крст.
Покрај тоа, Министерството за здравство ги вакцинираше децата кои се вратија во своите домови во присуство на здруженија кои дејствуваат во рамки на Обединетите нации.
УНХЦР регистрираше повеќе од милион сириски бегалци во Либан, додека либанската Влада проценува дека вистинскиот број Сиријци во земјата изнесува околу 1,5 милион.