За време на екстремистички напад во Идлиб, убиени се двајца терористи, како и двајца сириски воени офицери, додека еден е ранет, изјави шефот на Рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, Александар Карпов. Според него, до нападот дошло во јужниот дел од зоната за деескалација во Идлиб, каде милитантна диверзантска група ги нападнала позициите на сириските владини сили во областа на населбата Рувеј, пренесе Тасс.

-За време на одбивањето на нападот, најмалку двајца терористи се убиени. Двајца сириски воени офицери, исто така, беа убиени, а еден ранет. По претрпените загуби, милитантите се вратија во населбата Сегата, рече Карпов.

Тасс пренесе дека Карпов претходно предупреди дека во пресрет на претседателските избори во Сирија, нелегалните вооружени формации планираат терористички напади и напади врз владини згради во поголемите градови со цел да ја дестабилизираат состојбата во земјата.

Сириските претседателски избори ќе се одржат на 26 мај.