Сириските демократски сили повикаа за формирање меѓународен трибунал под закрила на ОН што ќе им суди на заробените од нив странски членови на исламска држава.
– Ги повикуваме државите да ги преземат своите граѓани бидејќи нема призната правна инфраструктура во Северна Сирија, но нема одгвоор, и терористите и нивните семејства се уште се заробени во наши кампови, изјави Мустафа Бали портпарол на СДС.
Тој повика ОН „да формира специјален меѓународен суд за терористичката организација ИД“ и да ги земе под свој надзор затворите во регионот.
СДС, коалиција во која доминираат Курди, заробила околу 1.300 странски џихадисти.