Министерството за внатрешни работи попладнево информираше дека денешните дојави за поставени експлозивни направи во училиштата во Скопје се лажни.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 23 средни и 22 основни училишта на подрачјето на Скопје, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа извршени се детални проверки од тимови за антитерористички проверки.