Третата сезона на серијата „Преспав“ ја освои публиката ширум Македонија и успеа да го задржи вниманието на гледачите пред ТВ екраните.
Секои од ликовите со своите карактеристики и особини придонесоа оваа серија да биде најгледана.
Дритон Вејсели ја толкуваше улогата на рецепционерот Дритон кој ги пречекуваше гостите во пансионот.
View this post on Instagram
Моментот кога Косте и Талат се соочија со нозете на Преслава! ? #ПреспавСезонаТри #Преспав
Дритон на свој специфичен и интересен начин ја толкуваше својата улога, па бргу стана популарен и омилен меѓу публиката.
Кога станува збор за неговиот приватен живот, Дритон во една прилика пред камерите одговараше на интимни прашања, па откри интересни детали.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи тој не е премногу активен, од време на време знае да објави некоја фотографија и да ги извести фановите за неговите активности и ангажмани.
Така, тој неодамна во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија на која е во базен.
Соблечен во костим за капење Дритон уживаше во пред летната сезона, а се тоа му го овозможи една позната турситичка агенција која досега прати неколку наши познати личности на патување на некоја егзотична дестинација.
Вака изгледа Дритон кога ќе се соблече и влезе во базен.