Џереми Микс, поранешен затвореник, кој стана манекен, повторно ги полни колоните на трач рубиките. Имено, Микс (35), кој има дете со Клои Грин, богата британска наследничка, фотографиран е како се дружи со романската манекенка Андреа Сасу (29) на Канскиот филмски фестивал.
„Дејли мејл” пренесува гласини дека Микс и Грин можеби ја прекинале веридбата, откако таа беше видена без вереничкиот прстен, а тој во друштво на други девојки.
Сепак, медиумите објавија бројни фотографии на Микс познат и како „секси затвореник” со Андреа, со која се прошета на црвениот килим во Кан.
Микс и Сасу позираа пред камерите на вечерната премиера на филмот „Мртвите не умираат” и беа облечени во црно.
Меѓутоа, тие биле забележани претходно во текот на денот како се шетаат и покрај морето.
Според „Дејли мејл“, Клои, со која Џереми има синче од една година, не беше во Кан со нејзиниот свршеник.
Набргу по објавувањето на овие фотографии, следеше и објава од Микс на Инстаграм.
Микс се обиде да ги демантира гласините, објавувајќи фотографија со Клои, на која се пргрнати и напиша: „И натаму сме многу вљубени”.
Гласините за нивниот прекин, започнаа претходните месеци, кога Клои беше забележана без вереничкиот прстен.
Двајцата почнаа врска во 2017 година, додека Микссѐ уште беше во брак.
Микс стана светски познат кога неговата затворска фотографија стана вирална и ги освои обожавателите со својот изглед. Така, по издржувањето на казната, поради учество во кражбата на автомобили и поседување огнено оружје, во март 2016 година ја започна својата кариера како модел.