СИТЕ СЕ ОДГОВОРНИ, САМО ТОЈ Е ВО РЕД: Филипче пак го искара народот, бара сите да се однесуваат одговорно

/ 15.06.2020

Факт е дека се соочуваме со силен бран на епидемијата. Тоа што охрабрува е дека има висок процент на асимптоматски и пациенти со лесна клиничка слика кои се наоѓаат на домашно лекување. Во моментот се хоспитализирани 14 отсто, 86 отсто се практично во домашни услови, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Во однос на капацитетите на болниците, посочи, кревети слободни и опрема има, дел од медицинскиот персонал е во изолација, а еден одреден дел кој е навистина примарен го надополнуваме со ротација.

– Тоа се лекари и медицински сестри кои без ниту еден ден одмор интензивно работат со овие пациенти изминатите четири месеци и изложени на ризик и во смисла на тоа многу е битно да се сфати сериозноста на оваа состојба и сите оние кои не се однесуваат, да почнат да се однесуваат одговорно заради спречување на ширењето, рече Филипче.

Додаде дека е прекината редовната програма на хронични интервенции, се извршуваат само итни и неопходни со примена на сите заштитни мерки на пациентите и медицинските лица.


Од истата категорија