Каде и да се појави сите се вртат по неа, а таа не пропушта ситуација а да не ги покаже резултатите од вежбањето и здравата исхрана.
52 годишната поранешна сопруга на комичарот Еди Марфи, која е поранешна манекенка и продуцентка сега буквално ги запали социјалните мрежи, а многумина се прашуваа и дали таа воопшто носи долна облека, односно гаќички?
Облечена во долг фустан со цветен дезен од свилен материјал ги освои сите погледи, а папараците имаа полни раце работа. Овој фустан кој можеби и не крие речиси ништо, има длабоко деколте и исечоци на здолништето до препоните. Ветерот си ја заврши својата работа, и дополнително ги откриваше добрите тонови на мускулите.
Фотографиите се направени во Западен Холивуд, каде што таа беше на ручек во ексклузивен ресторан со нејзините пријатели.
На социјалните мрежи таа е многу активна, и постојано објавува свои фотографии, како и мотивациски пораки и практични совети.
Таа во една прилика откри дека нејзиниот неверојатен изглед се должи на напорните тренинзи – вежба најмалку 4 пати неделно, но и внимава во исхраната.