Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, освен што ужива да дава изјави, ужива и во раскошот и луксузот.
Таа, како што пишува порталот Вистина.мк, неодамна на судење дојде во скапа крзнена бунда од ракун, која чини 830 евра и… Се дигна голема медиумска врева дека бундата на Фатиме била многу скапа.
Тогаш премолче, но денеска „специјалната“ сите ги демантираше. Како скапа? За Фатиме тоа е „ситница“ во однос на тоа колку може да потроши за многу други нешта, пишува порталот.
Во прилог објави дека чантата која ја носеше денеска Фетаи чини 2.249 британски фунти или околу 2.550 евра, брендирана и од „Гучи“.