Хотелот што го користеа членовите на германската делегација на самитот Г-7 во Велика Британија, е затворен затоа што неколку членови на персоналот се позитивни на Ковид-19, јави Скај Њуз.
Британската телевизија ги цитираше сопствениците на хотели како велат дека можат да потврдат дека извесен број луѓе од нивниот тим во Педн Олвa, во Сент Ајвис биле позитивни на Ковид-19
„По обемни дискусии во последните неколку дена со здраветвените власти и Советот на Корнвол, решивме хотелот целосно да го затвориме “, велат сопствениците на хотелот.
Германската канцеларка Ангела Меркел ќе присуствува на самитот и покрај тоа што во тој хотел отседнале дел од обезбедувањето, јави ДПА. Портпарол на британскиот премиер Борис Џонсон нагласи за ДПА дека Меркел ќе учествува на самитот.