Од 2000. година околу 115 лица, „релевантни за разузнавачите“ добиле заштитен статус преку Федералната канцеларија за миграции и бегалци.
Информацијата ја открива „Едиториал нетворк Џермани“ кој ги истражувал апликациите за азил при што во написот се наведува дека скандалот може да биде и поголем. Станува збор само за оделот на Бирото во Бремен, каде биле анализирани 18.000 барања за азил.
Кога новинарите направиле споредба со информациите кои ги имале разузнавачите откриле дека 46 лица имаат исламистичка позадина. Не се отрфрла можност тие да сториле и некое терористичко дело. Исто така, во дата системот е откриено дека 40 лица имале екстремистичко минато.
Сега сите тие лица се под уставна заштита и се под надзор. Во среда се очекува комесарот за заштита на уставот да изнесе нови информации за азиланти во Долна Саксонија, при што се најавува дека скандалот само ќе се продлабочува.
Инаку, постојат сомневања дека одделот за миграции во Бремен во периодот од 2013-2016 издал азил на1.200 лица без соодветна законска основа.