За време на минатонеделната посета на Атина, учествувајќи на седницата на Синодот на грчката црква екуменскиот патријарх Вартоломеј побарал владиката на американската диоцеза, Деметриос, да си поднесе оставка.
Но, Деметриос одбил такво нешто. „Имам уште многу работа да завршам“, му одговорил, што се смета за бунтовнички акт без преседан.
Вартоломеј се чини веќе нема трпние за Деметриос кој веќе 20 години е на чело на американската диоцеза.
Со својот одговор, весушност владиката Деметриос негира дека под негова команда диоцезата банкротирала, а работите станале уште полоши со вмешувањето на јавниот правобранител , како и обвинителствотот на Њу Јорк кои ги чешлаат финансиките податоци.
Во медиумите се наведува дека до сега никогаш угледот на диоцезата не паднал на толку ниско ниво, иако имало турбулентни периоди кога на чело бил владиката Спиридон.
Но, иако првите години на службата на Деметриос биле многу добри, потоа има пресврт на лошо, па се уништува организацијата на црквата, се затвораат повеќе грчки училишта, а станува се помаргинализирано Теолошкото училиште на Хеленскиот колеџ во Бостон, до таков степен што постои ризик во септември тоа да не биде отворено.
Главните финансиски скандали почнуваат да се појавуваат по септември 2001 година кога во терористичките напади на Њујорк беше урната историската црква „Св. Никола“, изградена од грчките морнари во 1916 година. Добиена е нова локација, пари, архитект….но на крај сметките биле надуени.
Се почнало со проектиран буџет од 20 милиони долари, но набрзо тој скокнал до цели 80 милиони. Во септември лани весникот „Нешенл хералд“ објавува дека архидиецезата е банкротирана, што Деметриос го демантира.
Во моментов има непокриена дупка од 15 милиони долари, а работите на црквата се стопирани.
Во досето на Деметриос, исто така, стои дека е љубеник на луксузен живот, дека трошел неконтролирано од кредитните картички, дека се возел во лимузини, патувал со прва класа.
Прашањето е дали и како ќе има расчистување на ваквата состојба.
Инаку, Деметриос е секогаш гостин на највисоки приеми кај америкнанските претседатели, неодамна беше кај Трамп, и е познат по своите тврдкорони антимакедонски ставови.