Познатата пејачка и танчерка Пола Абдул го тужи извршниот продуцент на American Idol, Најџел Литго за наводен сексуален напад.
Поранешната членка на жирито на престижниот натпревар против него вчера поднела тужба во Лос Анџелес, Калифорнија.
Пола тврди дека Најџел повеќепати сексуално ја нападнал додека била судијка во „Идол“ и во шоуто „So You Think Can Dance“.
Во судските документи до кои дојде ТМЗ пишува дека првиот напад се случил во првата сезона во која таа учествувала, кога биле на пат за регионална аудиција.
Таа тврди дека Најџел ја нападнал во лифтот на хотелот каде што престојувале. Наводно ја турнал до ѕидот, ја грабнал за гениталиите и градите и се обидел да ја бакне.
Пола се обидела да го оттурне од себе, се вели во тужбата, а кога се отвориле вратите на лифтот, таа истрчала директно во својата соба.
Се јавила на еден нејзин претставник да каже што се случило, но на крајот се откажала од тужбата бидејќи се плашела од негова одмазда, односно дека ќе ја исфрлат од програмата.
Вториот инцидент се случил во 2015 година кога таа се пријави да биде судија во шоуто „So You Think Can Dance“, во кое Најџел бил извршен продуцент.
Во тужбата се наведува дека Најџел ја поканил во својот дом за да разговараат за „деловните можности“.
Верувајќи во неговите намери да биде строго професионален, таа ја прифатила поканата.
Потоа, наводно, ѝ скокнал на каучот и се обидел да ја бакне, велејќи дека двајцата ќе направат „моќна двојка“.
Пола го оттурнала Најџел од неа, според тужбата, и веднаш ја напуштила неговата куќа откако му кажала дека не е заинтересирана.
Пола, исто така, тврди дека Најџел исто така бил груб кон своите помошници, а на пауза од снимање во 2015 година го видела како гали една од нејзините членови на тимот.
Пола, која беше судија на американската и британската верзија на пеачкото шоу „Икс Фактор“, тврди дека наводното малтретирање на Најџел продолжило и години подоцна.
Таа во тужбата навела дека Најџел наводно ја исмевал со тоа што ѝ се јавил да ѝ каже дека треба да слават заедно бидејќи поминале „седум години и рокот на застареност“.
Пола го тужи Најџел, 19 Entertainment и FremantleMedia за сексуален напад и злоставување, сексуално вознемирување, родово насилство и небрежност, според ТМЗ.
Споменатиот таблоид се обидел да стапи во контакт со обвинетиот, но тој се уште не одговара на обвинувањата.
Најџел станал познато име во Британија откако се приклучи на шоуто за таленти Popstars како судија во 2000 година.
Подоцна помогна во развојот и производството на шоуто „Pop Idol“, кое подоцна стана глобална франшиза која го вклучува „American Idol“.