Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски објави скандалозен спот кој изобилува со кадри од Скопје, Охрид и други локации во Македонија, при што вели дека Македонија е на Бугарите.
Џамбаски на Фејсбук ги промовира големобугарските сонови поткрепени од Санстефанскиот договор. Вели дека ние сме само „времени управители“ во Македонија. Според него, не може да се живее во 21 век, без да се признае 20-от век.
„Колку повеќе лажете толку повеќе вистината ќе сјае. Колку похистирично ја празите Софија, толку побугарски ви станува Охрид. Колку посилно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај“, вели Џамбаски.
Tој тврди дека Македонија е бугарска. Во спорот вели дека според него колку повеќе лажеме, толку повеќе вистината ќе излегува на виделина. Иако неодамна имаше реакции во Европскиот Параламент за провокациите на Бугарија кон Македонија, сепак овој спот е доказ дека провокациите не запираат.