Француски скијач кој исчезнал во Италија пред повеќе од 60 години и чиишто остатоци беа најдени во 2005 година, конечно е идентификуван откако приказната за него беше објавена на Фејсбук, соопшти италијанската полиција.
Телото и ски опремата се најдени во италијанскиот регион Аости, на Алпите, на 3.000 метри надморска височина. Но, истражителите не можеле да ја идентификуваат жртвата, сė додека фотографиите од пронајдените предмети не беа објавени на социјалната мрежа.
Француско семејство ги виделе фотографиите, и ги препознале очилата кои му припаѓале на нивниот роднина Анри ле Ман, па со помош на дополнителни ДНК анализи, утврдено е дека тоа е тој.