Растот на цените продолжува. Зејтинот од марката „Брилијант“, како што објави весникот Слободен печат, веќе се продава по 105 денари за еден литар, а „Кристал“ може да се најде за 95 денари. Сончогледовото масло „Флориол“ вообичаено е поскапо од другите типови на зејтин и сега се продава по цена од 120 денари за литар.
Во Македонија само една компанија е производител на масло за јадење „од нива до трпеза“, односно го преработува сончогледот, а тоа е „Благој Ѓорев“ од Велес, додека другите се увозници на нерафинирано масло за јадење и потоа го допреработуваат. И едните и другите ја најавија корекцијата на цената.
Пред пандемијата со коронавирусот маслото за јадење можеше да се купи по цени околу 65 денари за еден литар.