Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 9 часот од улицата “Марко Орешковиќ“ го лишиле од слобода М.А.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.