Глигор МАРКОВСКИ
Бидејќи повекемина ме замолија да ја кажам сторијата за пената “Дафино моме” еве и ќе ја раскажам вистинската приказна. Станува збор за личности кои биле мои предци и настанот се случил мнооогу одамна. Во турско време кога бунтовниците против турското ропство уште ги нарекувале “ајдути”. Значи пред комитите.
Момчето кое е опеано во песната имал т.н. меана и бакалница едно до друго. И кај себе во меаната честопати престојувале тие ајдути. Ги хранел, ги поел и ги криел во дуплиот т.н. керал (подрум).
Во првиот подрум кој бил обложен со лимови (за да ја заштити храната од штетници) значи служел како магацин а под него, кога ќе се отворил капакот на подот се влегувало во долниот дел каде ги криел ајдуците од турските хајки и никогаш не го откриле тој дел.
Е сега, дошло време да се оди во Солун по набавка на нови залихи намирници како масло,локум, сува риба бакалар, маслинки и басма и такви работи и дедо Марко, така се викало “момчето со гунчето” пуштил абер дека ќе прави караван и барал т.н. кирајџии со коњи и маски. Е сега бидејќи ајдуците дење седеле во меаната разбрале за ова.
И како и секогаш, ќе се најде по некоја расипана и лакома душа. Аха, значи Марко ќе оди по трговија, тоа значи ќе има пари со себе. И се договориле два тројца да го начекаат во боровата шума и да го ограбат, а другите двајца не знаеле за оваа ујдурма.
Е арно ама Марко, поголемите пари ги ставил во тогашната Отоманска банка во блискиот град Каљари каде му дале пусулче во Солун на фиљан човек да му се исплатат толку и толку златници. И дошол денот кога тргнал караванот за Солун.
Ајдуците, ден пред тоа, измислиле дека треба да тргнат некаде во спротивен правец. Му се заблагодарил за неговото гостопримство и заминале.
Ах, да ја опишам накратко таа Катакамен планина. Селото се наоѓало баш на средна висина на планината. Од Каљарското поле па се до селото е зелено и таму биле ниви, бавчи. А веднаш над селото, уште од последните куќи почнува тој Каракамен. И така е се до врвот односно с’ртот од таа страна кон Каљарско поле. Само што ќе се премине од другата страна кон Солунско поле, почнува густа борова шума, па така и ја нарекувале. Борлика. Тоа можеби некому му е познато, ако му кажам дека удолу по планината се наоѓало градчето Негуш. Сега Грциве го преместиле во Њаоса. Кога се оди кон Катерини, па се врти десно.
Отприлика на средина на планината имало тогаш, а и сега постои, туберкулозен диспанзер. Е како што реков порано, дошол денот за тргање и караванот составен од неколку коњи и маски заедно со “кираџиите’ тргнал на пат. И кога стигнале преку сртот и Солунско Поле се гледало од височината. Само што навлегле во боровата шума, изрипале ајдуците од заседата и го нападнале караванот. Овие биле зачудени, зошто напаѓаат празен караван. Но напаѓачите точно го стартувале Марко, барајќи му ги златниците.
Кога овој им кажал и покажал документ од банката, тие бесни што ќе останат суви, му се заканиле и настанала борба. Некој од ајдуците, знаел ли, му текнало ли, не знам, со сабјата го пресекол Марко по стомакот. И сите црева надвор. И со сабјата му го пресекол едниот нараменик од ЃУНЧЕТО каде сепак имало некоја пара за попатни трошоци и избегале. Сопатниците се обиделе да му помогнат на Марко, враќајки му ги цревата и го преповиле со појасите кои ги носеле у тоа време и го однеле до оној диспанзер што ви го спомнав претходно. Сепак таму имало некој Еким, но по некој ден починал од сепса веројатно.
Е тоа е на кратко, скратена верзија на сторијата за таа песна. А нашето фамилијарно презиме е всушност во чест на тој Марко а имало и личности кои се викале Марко токму по него. Мојот прадедо и мојот прерано починат стрико.